Професионална биографија Д-р Никола Пациновски | Институт за Сточарство

Професионална биографија Д-р Никола Пациновски

 

http://istoc.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2014/03/1094514_10201087897232678_2037301013_o.jpg

Д-р Никола Пациновски
Вонреден професор, виш научен соработник

Доц. д-р Никола Пациновски , е роден на 29. VII. 1969 год. во Гевгелија, каде завршува основно и средно образование (биотехнолошка насока). На Земјоделскиот факултет во Скопје (отсек сточарство) се запишува во 1988/89 учебна година, каде што дипломира во 1994 година. Во меѓувреме во 1989/90 година го отслужува воениот рок.
По дипломирањето се вработува во Институтот за сточарство во Скопје (од 1. XI. 1995) како помлад асистент во Одделението по овчарство и козарство.
На постдипломски студии се запишува на Земјоделскиот факултет во Скопје, во учебна 1995/96 година, група преживни животни, подгрупа овчарство и козарство. На 26. XII. 2000 година, го одбранува магистерскиот труд под наслов „Споредбени испитувања на прирастот и кланичниот квалитет на јагнињата од домашната меринизирана овца и нејзините мелези со расите хиос и сардиниска” и го кнува академското звање магистер на земјоделски науки.
На 18. IV. 2008 год., на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје ја одбран докторската дисертација под наслов „Споредбено испитување на производните и репродуктивните карактеристики на домашната популација овци и нејзините мелези со расата аваси”.
Во текот на изминатиот период активно учествувал во научноистражувачката и апликативна дејност на Институтот. Учествувал во реализација на 5 научноистражувачки проекти финансирани од Министерството за образование и наука, како и во 6 проекти финансирани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Има учествувано и во реализација на 1 меѓународен проект.
Од 2004–2009 година бил раководител на Републичката служба за матично книговодство и селекција, a oд 2009 год. е раководител на Секторот за апликативна високостручна дејност во рамките на Институтот.
Со свои реферати учествувал на повеќе домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и конференции, а реализирал и неколку студиски престои во странство:
– Од 5. X до 10. X 2001 година присуствувал на стручен курс од об-ласта на селекцијата и контрола на производните својства на домашните животни во хрватскиот сточарско–селекциски центар во Загреб, Р. Хрватска.
– Од 5. V до 19. V 2002 година реализирал краток студиски престој од областа на сточарството на Универзитетот во Калјари (Сардинија), Р. Италија.
– Од 26. V до 31. V 2002 година присуствувал на 33–тиот меѓународен конгрес на ICAR, одржан во Интерлакен, Швајцарија.
– Од 6. II до 10. II 2006 година присуствувал на Првата научна конференција за унапредување на продукцијата кај малите преживари, одржана во Каиро, Египет, каде се претставил со два научни труда.
– Со свој научен труд се претставил на 58–та годишна конференција на EAAP, одржана од 26. VIII до 30. VIII 2007 година во Даблин, Р. Ирска.
– Од 20. X до 31. X 2008 година остварил краток студиски престој во Ункерк, Холандија прганизиран на тема „Молзни системи и квалитет на млеко”.
– Од 24. XI до 12. XII 2008 година остварил на краток студиски престој во Вагенинген и Хаг, финансиран од MTEC, MATRA, на тема „Здравствена состојба кај животните“,
– Од 18 до 19 март 2009 год., присуствувал на првиот меѓународен воркшоп по проектот „Глобален преглед на биолошката разновидност и конзервација во сточарството”, финансиран од ФАО, одржан во Бидгошч, Полска.
– Со свој реферат се претставил на 60–тата годишна конференција на EAAP, одржана од 24 до 27 август 2009 година во Барселона, Шпанија, по повод официјалниот прием на Р. Македонија во оваа меѓународна асоцијалција под уставното име.
– Од 1 до 2 октомври 2009 година присуствувал на меѓународната научна конференција „Одржливо и конкурентно земјоделство“, одржана во Стара Загора, Р. Бугарија.
Со свои реферати и научни трудови се има претставено и на голем број меѓународни научни конгреси и конференции во Р. Хрватска, Р. Србија, Р. Бугарија и Р. Црна Гора.
Непосредно бил вклучен во организационите одбори на меѓународните симпозиуми за сточарство (во Струга во 2001 год., во Охрид 2003 и 2007 год.) чиј организатор е Институтот за сточарство. За организирање на истоимениот симпозиум во 2009 и 2012 год. е избран за претседател на Организациониот одбор.
Главен уредник е на меѓународното научно списание Macedonian Journal of Animal Science, издание на Институтот за сточарство. Тој е личност за контакт на Р. Македонија со EAAP (European Association for Animal Production), од нејзиниот прием во 2008 година.
На Факултетот за биотехнички науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, во 2008 год. е избран за наставник во звање доцент по предметот овчарство и козарство на првиот циклус студии, а од 2010 година на истиот факултет предава и генетика на вториот циклус студии.
Примарно подрачје на научноистражувачкиот интерес на доц. д-р Никола Пациновски се новите биотехнологии и селекциски методи во одгледувањето на овците и козите, унапредување на методите за контрола на производните својства кај домашните животни и оцена на нивната одгледувачка вредност, заштита на биолошката разновидност во сточарството и сл.
Доц. д-р Никола Пациновски има објавено 58 научни и стручни трудови во домашни и меѓународни списанија.

Објавени трудови и публикации:

1. Pacinovski, N., Gievski, M. (2003): Assaf – high dairy sheep breed. Agriculture list, year I, no. 11, p. 49. Beograd.
2. Gievski, M., Pacinovski, N. (2003): Sardinian sheep breed, Agriculture list, year II, no. 20, p. 52. Beograd.
3. Gievski, M., Pacinovski, N. (2003): Langhe sheep breed – sheep with respect possibility. Agro–glas, no 65, p. 41. Zagreb.
4. Pacinovski, N., Eftimova, Elena. (2004): Productive traits of Awassi sheep in Republic of Macedonia. Biotechnology in Animal Husbandry, 20, 5–6, p. 139–146, Beograd–Zemun.
5. Pacinovski, N., Gievski, M. (2004): Dairy sheep breed Assaf – breed for more attention. Animal Husbandry, 6, 2004, p. 18–21. Stara Zagora, Bulgaria.
6. Pacinovski, N. (2004): National strategy for improvement of sheepbreeding in Republic of Macedonia. Animal husbandry, 5, 2004, p. 26–29. Stara Zagora, Bulgaria.
7. Gievski, M., Pacinovski, N. (2004): Comisana–Sicilian sheep breed with combine possibility. Agriculture list, year III, no. 21, p. 49. Beograd.
8. Gievski, M., Pacinovski, N. (2004): Lacone – sheep breed from France. Agriculture list, year III, no. 25, p. 70. Beograd.
9. Gievski, M., Pacinovski, N. (2004): Anglo–Nubian goat breed – little dairy factory. Agriculture list, year III, no. 29, p. 56. Beograd.
10. Dimov, G., Pacinovski, N., Gievski, M. (2005): Preliminary study on the basic factors which influence daily milk production of sheep in the Awassi mediterranean farm. Journal of Mountain Agriculture on the Balkans, Vol. 8(4):431–447, Troyan, Bulgaria.
11. Gievski, M., Pacinovski, N., Palaševski, B. (2005): Computer program for selection of sheep, goats, cows and buffalos. Journal of Mountain Agriculture on the Balkans, Vol. 8(4):448–456, Troyan, Bulgaria.
12. Pacinovski, N., Palaševski, B., Kozarovski, N., Eftimova, Elena. (2006): Conditions, prospectives and needs for improving sheep production in the Republic of Macedonia. 1st Conference on enhancement of small ruminants production, 7–9 February, 2006, Cairo, Egypt. Egyptian Journal of Sheep, Goats and Desert Animals. Vol. 1 (1) : 41–46.
13. Palaševski, B., Gievski, M., Dimov, G., Pacinovski, N. (2006): Preliminary study on heritability of milk yield during the day of test in Macedonian Awassi sheep. 1st Conference on enhancement of small ruminants production, 7–9 February, 2006, Cairo, Egypt. Egyptian Journal Association of Sheep, Goats and Desert Animals. Vol. 1 (1) : 267–277.
14. Pacinovski, N. (2006): How to improve own sheep flock. Journal of FFRM, No. 13, p. 26, Skopje, R. Macedonia.
15. Djabirski, V., Pacinovski, N., Dimov, G., Eftimova Elena, Palaševski, B. (2006): Effect of parity, season and test day on daily productivity of East–Friesian ewes in Macedonia. Journal of Mountain Agriculture on the Balkans, Vol. 9 (1):54–67, Troyan, Bulgaria.
16. Dimitrovska Gordana, Srbinovska Sonja, Manevska Violeta, Pacinovski, N. (2006): Correlation dependance between somatic cells and total count of bacteria in cow milk of Holstein–Friesian breed in first and second lactation. Journal of Mountain Agriculture on the Balkans, Vol. 9 (2):187–197, Troyan, Bulgaria.
17. Kukovics, S., Dimov, D., Kume, K., Pacinovski, N. (2006): Exploitation of Awassi sheep breed in the Central, Eastern and South European country. 57-th Annual Meeting of the European Association for Animal Production (EAAP), 17–20 September. Antalya, Turkey, Book of Abstracts No 12 (2006), p. 79..
18. Gievski, M., Dimov, G., Pacinovski, N., Palaševski, B. (2006): Possibilities for prediction of the test day milk yield based on only one individual test per day in Awassi sheep. 57–th Annual Meeting of the European Association for Animal Production (EAAP) . 17–20 September. Antalya, Turkey, Book of Abstracts, No 12(2006), p. 90.
19. Pacinovski, N., Dimov, G., Eftimova, Elena, Palaševski, B. (2007): Characterization of the maximum test day yield in the East Friesian ewes in Macedonia. 58-th Annual Meeting of the European Association for Animal Production (EAAP). 26–29 August. Dublin, Ireland. Book of abstracts, No 13 (2007), p. 266.
20. Pacinovski, N., Eftimova, Elena, Gievski, M. (2007): Comparison of milk production ability between Awassi and East-Friesian sheep in Macedonia. III Symposium of Livestock Production with international participation, 12–14 September, Ohrid, Macedonia. Proceedings, p. 65–72.
21. Pacinovski, N., Dimov, G., Eftimova, Elena (2007): Some production traits of the new imported East-Friesian sheep in Macedonia. Biotechnology in Animal Husbandry, Vol. 23 (5–6), Book 1, p 113–121. Belgrade–Zemun, Serbia.
22. Pacinovski, N. (2007): EAAP – Organization for development and investigation in Animal Husbandry. “My Ground” – Journal for agriculture and rural development, No. 15, p. 16, Skopje, R. Macedonia.
23. Kirilov, A., Porkedu, K., Pacinovski, N., Razek, I. (2007): Forage crops sources on the Balkan and Mediterranean region. Journal of scientific papers, “Sheepbreeding at Us and in the World”, Pleven, Bulgaria.
24. Petrović P. M., Ruzić Muslić D., Petrović Caro V., Žujović M., Džabirski V., Pacinovski N. (2007): Genetic evaluation of milk production traits in sheep. III Symposium of Livestock Production with International Participation, 12–14 September, Ohrid, Proceedings, p. 79–82. Macedonia.
25. Prentović Tatjana, Djabirski V., Pacinovski N., Cilev G. (2007): Nutritive value of pasture in the Pehčevo Region, Republic of Macedonia. Krmiva, Vol. 49, br. 3, p. 171–175. Zagreb, Croatia.
26. Eftimova Elena, Pacinovski N., Palashevski B. (2008): Production traits of Awassi sheep and its crossbreeds with domestic population in Republic of Macedonia. Symposium for Animal Husbandry, Veterinary Medicine and Economy in the Healthy and Food Safety Production, 22–29 June, Herceg Novi, Proceeding abstracts, p. 154 Montenegro.
27. Pacinovski N., Eftimova Elena, Lambevska-Domazetova Vesela. (2009): Production features of East Friesian sheep breed in the Republic of Macedonia. IV International Symposium of Livestock Production, 9–12 September, Struga, Macedonia, Book of Abstracts, p. 51.
28. Nikolova Nedeljka, Eftimova Elena, Pacinovski N., Pavlovski Zlatica, Miloshevich N., Perich Lidija (2009): The effect of genotype, age, sex and composition of feed on content of abdominal fat in carcass of broiler chickens. Contemporary Agriculture, 58 (1–2) 92–100, 2009. Novi Sad, Serbia.
29. Cilev G., Sinovec Z., Palashevski B., Pacinovski N. (2009): Examining the efficiency of the semi substitution of the maize with a by–products obtained by manufacturing vegetables and fruits in mixtures for growing and fattening pigs. Book of Abstracts of the 60th Annual Meeting of the European Association for Animal Production (EAAP). No 15 (2009), p. 385. 24–27 August. Barcelona, Spain.
30. Kozarovski N., Pacinovski N. (2009): Some productive traits of the East Friesian sheep in Republic of Greece. IV International Symposium of Livestock Production, 9–12 September, Struga, Macedonia. Book of Abstracts, p. 68.
31. Eftimova Elena, Pacinovski N., Lambevska-Domazetova Vesela. (2009): Some productive and economic indicators for organic goat production. IV International Symposium of Livestock Production, 9–12 September, Struga, Macedonia, Book of Abstracts, p. 275.
32. Eftimova Elena, Pacinovski N., Lambevska-Domazetova Vesela. (2009): Comparative production features of Awassi and Ovcepole pramenka cross–breeds in the Republic of Macedonia. Biotechnology in Animal Husbandry, Vol. 25 (5–6), Book 2, p. 901–907. Belgrade–Zemun, Serbia.
33. Pacinovski N., Eftimova Elena, Dimov G., Kozarovski N. (2010): Corelation coeficients between udder dimensions and separate lactation characteristics in three populations of sheep in R. Macedonia. Journal of Mountain Agriculture on the Balkans, Vol. 13 (1):148–167, Troyan, Bulgaria.
34. Pacinovski N. (2010): Influence of some factors on the udder measurements in Awassi sheep and its crossbreeds with Domestic population sheep in Macedonia. Krmiva, Vol. 52, No. 2, p. 85–93. Zagreb, Croatia.
35. Pacinovski N., Eftimova Elena, Cilev G. (2010): Influence of certain factors on the annual milk production of the crossbreeds between Awassi and Domestic population of sheep. Krmiva, Vol. 52, No. 2, p. 95–102. Zagreb, Croatia.
36. Pacinovski, N., Eftimova Elena (2010): Barn for rearing of goats. “My Ground”, Journal for agriculture and rural development, No. 62/63, p. 28–29, Skopje, R. Macedonia.
37. Milevska Elena, Stojanovski M., Kozarovski N., Kitanovski D., Pacinovski N. (2010): Influence of the breed on the gain and slaughter quality of the kids of the domestic Balkan goat and its crossbreeds with Alpine breed. Journal of Mountain Agriculture on the Balkans, Vol. 13 (1):137–147, Troyan, Bulgaria.
38. Cilev G., Gacovski Z., Presilski S., Pacinovski N. (2010): Energy value of meadow hay from different grassland regions of Republic of Macedonia. Biotechnology in Animal Husbandry, Vol. 26 (spec. issue), Book 2, p 483–490. Belgrade–Zemun, Serbia.
39. Cilev G., Živković B., Pacinovski N. (2010): Examining the efficiency of the semisubstitution of the maize with a by-products obtained by manufacturing vegetables and fruits in mixtures for weaned piglets. 17th International Conference “Krmiva 2010″, June 7–9, Book of Abstracts, p. 37. Opatija, Croatia.
40. Jordanovski N., Cilev G., Stefanovski S., Mihajlović I., Pacinovski N. (2010): Effect of season feeding at fattening pigs to producing results. 17th International Conference “Krmiva 2010″, June 7–9, Book of Abstracts, p. 39. Opatija, Croatia.
41. Pacinovski N., Eftimova E., Gorgovska N., Dubrova–Mateva N., Naletoski Z., Palasevska A. (2011): Production results of early weaned lambs from domestic merinized sheep in Macedonia. Journal of Mountain Agriculture on the Balkans, Vol. 14(1):76–89, Troyan, Bulgaria.
42. Pacinovski N., Eftimova Elena, Dimov G. (2011): A few aspects of the maximum test day yield in the dairy population of sheep in Macedonia. 18th International Conference “Krmiva 2011″, June 8–10, Book of Abstracts, p. 75. Opatija, Croatia.
43. Pacinovski N. (2011): Influence of certain factors on the annual milk production of the Awassi breed. Macedonian Journal of Animal Science, Vol. 1, No. 1, pp. 27–34.
44. Eftimova E., Pacinovski N., Domazetova-Lambevska V., Mateva N., Naletoski Z.. (2011): Comparative research on meat price of lamb of Awassi crossbreeds and domestic population sheep. Journal of Mountain Agriculture on the Balkans, Vol. 14(2):244–255, Troyan, Bulgaria.
45. Petrović P. M., Sretenović Ljiljana, Muslić R. Dragana, Pacinovski N., Maksimović Nevena. (2011): The effect of crossbreeding systems on lamb meat production. Macedonian Journal of Animal Science, Vol. 1, No. 1, pp. 57–60.
46. Ivanova Tanja, Pacinovski N., Raicheva Emilija, Abadjieva Desislava. (2011): Mineral content of milk from dairy sheep breeds. Macedonian Journal of Animal Science, Vol. 1, No. 1, pp. 67–71.
47. Eftimova Elena, Mateva Natasa, Lambevska-Domazetova Vesela, Pacinovski N. (2011): Value chain analysis: Sheep milk for processing in the Gostivar region, Republic of Macedonia. Journal of Hygienic Engineering and Design. EHEDG World Congress on Hygienic Engineering & Design, 2011 – Macedonia, pp. 305–308.
48. Mateva Natasa, Mihajlov D., Eftimova Elena, Nalestoski Z., Pacinovski N. (2011): Dinamics of rippening of cheese, type Cheddar. Journal of Hygienic Engineering and Design. EHEDG World Congress on Hygienic Engineering & Design, 2011 – Macedonia, pp. 316–319.
49. Ivanova Tanja, Raicheva Emilija, Pacinovski N. (2011): Yield of cheese and sheep milk composition from synthetic population of Bulgarian dairy and East-Friesian breed. Biotechnology in Animal Husbandry vol. 27 (3), Book 2, p 1105–1111. Belgrade–Zemun, Serbia.