Професионална биографија Д-р Весна Левков | Институт за Сточарство

Професионална биографија Д-р Весна Левков

 

http://istoc.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2014/03/vesna.png

Д-р Весна Левков
доцент, научен соработник

Д-р Весна Левков (род. Андоновска) ,е родена 24. 2. 1974 година во Скопје, каде што го завршила основното и средното образование. Во учебната 1992/93 се запишала како редовен студент на Институтот за биологија при Природно–математичкиот факултет во Скопје, биохемиско-физиолошка насока, и дипломирала во ноември 1997 година.
Од aприл 1998 година е вработена како помлад асистент во Институтот за сточарство во Скопје, а во декември 2005 година е избрана во звањето асистент во Институтот. Од октомври 2007 до септември 2008 година престојувала во Институтот за морски и поларни истражувања Alfred Wegener, Бремерхавен, Германија.
Во 2009 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, пријавила докторска дисертација под наслов „Состав и динамика на технолошки значајните микроорганизми при изработка на биеното сирење произведено на традиционален начин”.
Во последните 10 години, учествувала како помлад истражувач, во реализација на следниве научноистражувачки проекти:
„Производство и користење на минерално-витаминските претсмеси, дополнителните протеински смеси и други додатоци за исхрана на животните со висок генетски потенцијал во услови на еколошко производство на храна” (2005–2007), финансиран од Министерството за образование и наука на Република Македонија;
„Исхраната – фактор за експонирање на производните способности кај високомлечните крави во услови на Република Македонија” (2004–2006). финансиран од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Во досегашниот период посетувала повеќе семинари и работилници и тоa:
Семинар по индустриска микробиологија (Mini Vidas), во организација на БИОТЕК и лабораторија по микробиологија, Институт за биологија, ПМФ, Скопје во март 2003 година во Скопје. Предавач: г-р Ѓоко Кунгуловски, професор на ПМФ.
Курс за „Хигиена и санитација во млекарската индустрија” во организација на ЦИПОЗ и Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје – ноември 2003 година во Скопје. Предавачи: доц. д-р Владимир Какуринов, доц. д-р Соња Србиновска, проф. д-р Борче Ангелков
Обука од областа на млекарската микробиологија – новости при испитувањето на квалитетот на млекото, употреба на инструментот BactoScan FC, во организација на Лабораторијата за млекарство, Биотехнички факултет, Универзитет во Љубљана, Домжале, 2006 година.
Курс за обука за акредитација на лаборатории според ISO 17025 во рамки на програмата: Quality and Regulatory Infrastructure Development for Food Safety & Quality in Macedonia, спонзорирано од Sida, а имплементирано од SWEDAC и National Food Administration. Скопје, 2009 година.
Работилница – Food Safety for the Region of South-East Europe – Мај 2012 во Скопје во организација на Michel Institut Германија, Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) Gmbh, Институт за јавно здравје на Македонија, Балкан нет, Стопанска комора на Србија.

Објавени трудови и публикации:

1. Gjorgovska N., Filev K., Levkov V., Kostadinov T., Jusufi E. (2012): Egg production during the artificial moulting and a new laying cycle of aged hens. Archiva Zootechnica, 15:1, Romania, 53–60.
2. Levkov V., Gjorgovska N., Kostadinov T. (2012): Some microbiological and chemical characteristics of traditional cheese (Bieno sirenje). XVII International Symposium of Biotechnology, University of Kraguevac, Proceedings, Vol. 17 (19), 368–372.
3. Levkov V., Kostadinov T. (2012): Tourism as an opportunity field for developement of the village in the Republic of Macedonia. XVII International Symposium of Biotechnology, University of Kraguevac, Proceedings, Vol. 17 (19), 531–535.
4. Kostadinov T., Nikolova N., Levkov V. (2012): Education as a factor for development of the rural entrepreneurship in the Republic of Macedonia. XVII International Symposium of Biotechnology, University of Kraguevac, Proceedings, Vol. 17 (19), 511–515.
5. Kostadinov T., Gjorgovska N., Levkov V. (2012): Competitivness of SMEs from rural areas in the Republic of Macedonia. XVII International Symposium of Biotechnology, University of Kraguevac, Proceedings, Vol. 17 (19), 516–520.
6. Levkov V., Kakurinov V. (2011): Microbiological properties of artisanal cheese (Bieno Sirenje). Journal of Hygienic Engineering and Design, 325–329.
7. Gjorgovska N., Filev K., Levkov V. (2011): External and internal quality of eggs produced from aged hens. Lucrări Ştiinţifice – Universitatea de Ştiinţe Agricole şi Medicină Veterinară, Seria Zootehnie, Vol. 56 pp. 342–345
8. Jusufi E., Zekiri M., Gjorgovska N., Levkov V. (2011): Contents of cadmium (Cd), chromium (Cr), and lead (Pb) in the agricultural land in the dry mass alfalfa from various localities. Macedonian Journal of Animal Science, Vol 1. No. 2 335–338
9. Menkovska M., Levkov V., Djorgovska N., Sharic M., Samardjioski V., Ushlinovska I. (2010): Application of rapid technique for screening of mycotoxins in cereals. Proceedings, XIV International Feed Technology Symposium, Novi Sad; 144–149
10. Левков Весна, Какуринов В: (2007): Микробни карактеристики на биено сирење произведено во тетовскиот регион. Зборник на трудови, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 379–388
11. Какуринов В., Илиевска – Петановска Б., Ѓошиќ – Михајловска С., Левков В., Дуброва-Матева Н. (2007): Моментална состојба со меѓународните технички системи/стандарди во Република Македонија. Зборник на трудови. III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 399–407.
12. Какуринов В., Петрова Б., Коцарев П., Димова В., Андоновска В., Дуброва Матева Н. (2007): Температура на чување, транспорт и продажба на јогуртот во однос на квалитетот и безбедноста. Годишен зборник на факултетот за земјоделски науки и храна Скопје.
13. Менковска М., Шариќ М., Иваноски М., Левков В., Ѓорговска Н. (2007): Квалитет и безбедност на пченицата наменета за анимална и хумана исхрана. Зборник на трудови, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество; 351–356.
14. Цилев Г., Ѓорговска Н., Левков В. (2007): Основни барања, критериуми и постапка за акредитација на лабораторија за контрола на квалитетот на сточната храна. Зборник на трудови, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 531–540.
15. Андоновска Весна, Какуринов В., Палашевски Б., Дуброва–Матева Н (2002): Микробен статус на кравјото млеко при производство на биено сирење. Јубилеен зборник, Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 321–326.
16. Палашевски Б., Поповски З.Т., Дуброва-Матева Н., Андоновска В., Танасковска Р.Б., Налетовски З. (2002): Полиморфизам на к-казеинот и β–лактоглобулинот во кравјото млеко. Јубилеен зборник, Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 45–49.
17. Дуброва-Матева Н., Србиновска С., Какуринов В., Андоновска В. (2002): Споредбени испитувања на влијанието на пепсинско и химозинско сирило врз технолошките својства на кравјото млеко. Јубилеен зборник, Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 331–336.