Професионална биографија: Д-р Васил Костов | Институт за Сточарство

Професионална биографија: Д-р Васил Костов

 

http://istoc.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2014/03/vasileden.png

Д-р Васил Костов
редовен професор, научен советник
Д-р Васил Костов,е роден во Скопје на 18.11.1969 година. Основно образование завршил во Скопје, како првенец на генерација. Средно образование, биотехнолошка струка, со континуиран одличен успех, завршил во 1988 година, во Скопје, по што се запишал на Земјоделскиот факултет, во Скопје (сега Факултет за земјоделски науки и храна), група Сточарство. Во учебната 1993/94 година се запишал и на Ветеринарниот факултет во Скопје, како редовен студент, и ги студирал двата факултети истовремено.
Од 01.11.1995 година е вработен, како помлад асистент, во ЈНУ Институт за сточарство во дисциплината рибарство. Во учебната 1996/97 се запишува на последипломски студии, на групата Рибарство, на Факултетот за земјоделски науки и храна. Испитите ги положил во предвидениот рок со просечна оцена 10. Магистерскиот труд под наслов “Репродуктивни карактеристики на рибите од реката Вардар” го одбранил на 03.12.1999 година, со што се стекнал со титула Магистер на земјоделски науки.
Во 2000 година бил на студиски престој – специјализација во Истражувачкиот Институт за Рибарство во Република Кина – Тајван каде се здобива со диплома од областа “интензивна аквакултура”. Во периодот од 2000 до 2013 година посетува практични обуки од областа аквакултура и репродукција на риби во Хрватска, Србија, Црна Гора, Италија, Норвешка, Египет и Холандија.
Докторска дисертација под наслов: “Примена на биоманипулација со рибни популации во решавање на проблемот со еутрофикација на стагнантни водени екосистеми” пријавена на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, ја одбранил на 15.02.2006 година. Со тоа се стекнал со титула Доктор по земјоделски науки. Во 2008 година избран е во звање виш научен соработник по рибарство.
Раководител на мрестилиштето „Топлец“ во Дојран“ и мрестилиштето „Шум“ во Струга е од 2004 година, а раководител на одделението за рибарство од 2006 година.
Од март 2006 година е избран за Претседател на Македонската Риболовна Федерација. Во 2010 година е реизбран на истата функција за наредниот период од 4 години.
На 3.12.2008 година бил избран во научно звање- Виш научен соработник во ЈНУ” Институт за сточарство”, Скопје, во научната област рибарство.
Од март 2010 година е директор на УКИМ Институт за сточарство во Скопје.
Во својот работен век проф. д-р Васил Костов учествувал во изработка на 13 научно-истражувачки проекти, од кои на 5 бил раководител/координатор.
Во текот на изминатиот период активно учествувал покрај во научно-истражувачката и во апликативната дејност на Институтот. Учествувал во изведувањето, или бил раководител на низа програми за порибување на риболовните води во Република Македонија (Програма за порибување на риболовно подрачје Охридско Езеро од 1996 до 2013, Програма за порибување на риболовното подрачје Дојранско Езеро од 2005 до 2013 година, Програма за порибување на риболовни води без концесионер од 2010 до 2012, Програма за порибување на риболовно подрачје Преспанско Езеро во 2013 година), изработил над 100 елаборати, експертизи, технички проекти, програми за изградба на рибници, мислења по програми, планови за стопанисување со риболовни води и други стручни работи. Истовремено бил вклучен и во други активности како: член на Научниот совет и Управата при Институтот, член на комисијата за доделување на “Гоцева Награда” при Министерството за образование и наука, во два мандата (2010-2011 и 2012-2013), член на Советот за рибарство (од 2008 година) и Советот за сточарство (од 2011) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, член на работната група за изработка на Законот за рибарство и аквакултура (2008 година), член на комисијата за изработка на подзаконски акти поврзани со Законот за рибарство и аквакултура (2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013), член на работната група за усогласување на законската регулатива со ЕУ – поглавје 13 рибарство (од 2011), член на комисија за полагање на рибочуварски испит при МЗШВ (од 2011), член на низа работни групи и работни тела при МЗШВ.
Кандидатот Васил Костов бил раководител на три (3) национални научни проекти, учествувал во еден (1) национален научен проект како соработник и учествувал во седум (7) меѓународни научни проекти.
Во периодот од изборот во Виш научен соработник па до денес, кандидатот како прв автор или коавтор има објавено дваесет и пет (25) научни трудови, од коитри (3) научни трудови во стручни/научни списанија, единаесет (11) трудови во референтно научно списание со меѓународен уредувачки одбор, од кои еден (1) со импакт фактор, еден (1) труд во зборник на трудови од научен собир, десет (10) трудови објавени во зборник на трудови од научен собир со меѓународен уредувачки одбор.
Кандидатот учествувал на пет (5) научни собири со реферат, а на 6 научни собири со постер и има објавено тринаесет (13) абстракти во зборници од меѓународни научни собири.

  • Раководител на национален истражувачки проект

1. „Генетска и морфолошка карактеризација на пастрмките од родот Salmo во Република Македонија“. УКИМ, Институт за сточарство. Финансиран од Униврзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје (2011-2012).
2. „Заштита, ревитализација и Реинтродукција на македонската пастрмка (Salmo macedonicus Karaman 1924) во водите на Република Македонија. Македонска Риболовна Федерација, финансиран од Глобален Еколошки Фонд (GEF) – 2009 – 2011
3. Одредување на еколошкиот статус на вретенарот (Zingel balcanicus Karaman 1937) – во потрага по вретенарот, Носител: МРФ, Финансиран од Глобален Еколошки Фонд (GEF) – 2012

  • Учесник во национален научен проект

1. „Макроинвертебратите и рибната фауна од реката Пчиња – структура на заедницата и проценка на еколошкиот статус на екосистемот“. Финансиран од Македонско Еколошко Друштво (МЕД) (2010).

  • Учесник во меѓународнинаучни проекти

1. “Development of Prespa Lake Watershed Management Plan”). Covered by UNDP. (2009-2011
2. “Генетски скрининг на популациите на Chondrostoma nasus (Pisces, Cyprinidae) од македонски и бугарски реки и езера во врска со нивната систематика, биодиверзитет, одржливо искористување и конзервација– Носител Хидробиолошки завод Охрид, Финансиран од Министерство за образование и наука (2010 – 2012)
3. „Population-genetical and histological analyses of barbel (Barbus,Pisces) from Macedonian and Bulgarian rivers and lakes in connect to anthropogenical influence of ichthyological biodiversity)“.Билатерален проект со Република Бугарија, носител – Хидробиолошки завод од Охрид, Финансиран од Министерство за образование и наука на Р.М. (2010 – 2011)
4. Transboundary Fish and Fisheries Management Plan for the Prespa Lakes Basin– Носител Хидробиолошки завод од Охрид, финансиран од УНДП (2011 – 2012)
5. „Procjena raspolozivosti i ucinaka metala na ribe u rijekama pod uticajem rudarskih aktivnosti“, Билатерален проект со Република Хрватска, носител ПМФ – Скопје, финансиран од Министерство за образование и наука на РМ (2012-2013)
6. „Zajednice bakterija i parazita klena kao pokazatelj stanja u okolusu izlozenom rudarskim aktivnostima“, Билатерален проект со Република Хрватска, носител УКИМ Институт за сточарство – Скопје, финансиран од Министерство за образование и наука на РМ. “ (2012-2013)
7. „Bregalnica River Management Plan“, носител: ГТИ – Геотехнички инженеринг Скопје локален партнер на EMST Basler+Partner AG од Швајцарија, финансиран од Швајцарска Конфедерација, а имплементиран од страна на Министерството за животна средина на РМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ (2013).

Објавени трудови и публикации:

1. Kostov, V. (2008): Results of ichtiofauna investigation in Macedonian part of Lake Dojran, I-st Symposium for protection of natural lakes in Republic of Macedonia, Suplement I, pp.189-201
2. Kostov, V. (2008): First record of species Acipenser ruthenus Linnaeus 1758 in to the waters of R.Maceonia, I-st Symposium for protection of natural lakes in Republic of Macedonia, Suplement I, pp.210-216
3.Alena ŠEDIVÁ, Apostolos APOSTOLOU, Karel JANKO, Jan KOHOUT, Vasil KOSTOV and RadekŠANDA (2008),Genetic structure and distribution of Oxynoemacheilus bureschi (Balitoridae, Teleostei), and its phylogenetic relationships with otherEuropean stone loaches, Folia Zool. – 57(1–2): 111–119 (2008)
4.Velkova-Jordanoska L., Ivanova P.,Dobrovolov I.Kostoski G.,Stojanovski S., Kostov V., Shumka S..,Cekov A. (2008): Alozime electroforetic analisis of Barbus m. petenyi Heck. populations from lake Ohrid (R. Macedonia), river Eleshnitsa (R. Bulgaria) and river Shkumba (R. Albania), Hidrobiological Institute – Ohrid, Review Vol.41(1): 23-29
5. Kitanova, D., Slavevska-Stamenković, V., Kostov, V.,& Marinov, M. (2008): Contribution to the knowledge of Odonata (Insecta: Odonata) larvae of the River Bregalnica. Natura Montenegrina No 7(2): 169-180.
6. Velkova-Jordanovska, L., Kostov, V., Stojanovski, S., (2008), Histoloska analiza jetre mrene (Barbus cyclolepis Karaman) iz reke Strumice, Srpsko drustvo za zastitu voda, “Voda 2008”. pp. 119-122
7.Kostov V. Kostoski G., Stoilova S., (2008): The fish and zooplankton of reservoir Ratevska – preliminary data’s, Conference proceedings. 37th Anual Conference of the Yugoslav Water Polution Control Society, Mataruska Banja 3-6 june 2008, pp. 175-184
8.Kostov, V., Van der Knaap, M., (2009): The collapse of fisheries of Lake Dojran – Reasons, Actual situation and perspectives, IV International Conference FISHERY, Faculty of Agriculture – Belgrade-Zemun, pp. 239-246
9.Velkova-Jordanoska L., Kostov V.,Stojanovski S., Kostoski G. (2010): Use of RAPD fingerprinting for study and conservation of fish populations. Biotechnol. & Biotechnol. Eq., Special edition / on-line; Vol. 24:257-262
10. Velkova-Jordanoska L., Kostov V., Stojanovski S., Kostoski G. (2010): RAPD analysis of genetic variations in Barbus peloponnesius (Pisces, Cyprinidae) from River Vardar. Conference on water observation and information system for decision support BALWOIS 25-28 May, 2010, Ohrid, R. Macedonia, Prossidings, (www.balwois.com)
11.Kostov, V., Rebok, K., Slavevska-Stamenković, V.&Ristovska, M. (2010): Fish fauna of the River Bregalnica (Republic of Macedonia). http://www.balwois.com/balwois /administration/full_paper/ffp-1704.pdf.
12. Nikolova, N., Kostov, V., Kostadinov, T., (2010) Genotype x diet interactions on meat mass of main carcass parts in broiler chickens, Krmiva No 52, Zagreb, 3; pp.127-133, http://hrcak.srce.hr
13. Katerina Rebok, Vasil Kostov, Eduardo Rocha and Maja Jordanova (2010) Can Rodlet Cells Changes in Barbell (Barbus peloponnesius) From the River Bregalnica Be Used as Biomarkers of Environmental Contamination?Conference on water observation and information system for decision support BALWOIS 25-28 May, 2010, Ohrid, R. Macedonia, Prossidings, (www.balwois.com)
14. Slavevska Stamenkovic, V., Paunovic, M., Atanackovic, A., Smiljkov, S., Kostov, V., Mitic Kopanja, D., (2010): Ologochaeta of river Bregalnica from the source region to the dam Kalimanci, Conference on water observation and information system for decision support BALWOIS 25-28 May, 2010, Ohrid, R. Macedonia, Prossidings, (www.balwois.com)
15. Nikolova, N., Kostadinov, T., Kostov, V., (2010): Entrepreneurial innovation as a factor for development of SMEs from the subsector of poultry raising in the Republik of Macedonia, 3-rd International Conference for Entrepreneurship, Innovation and Regional Development, Novi sad, Serbia, full paper No. 114, published in Proocedings of ICEIRD pp.564-569, www.icerd.org
16. Ristovska M., Kostov, V., Prelic, D., Slavevska-Stamenković, V. & Arsovska, J. (2011): Fish community structure and water quality assessment of Babuna River: Journal of International Environmental Application & Science, 6(4): 508–517.
17.Kostov, V., Ristovska, M., Slavevska-Stamenković, V., Miljanović, B. &Paunović, M. (2011):Setting up a system for ecological status assessment based on fish fauna – The Pčinja River – case study. Macedonian Journal of Animal Science, 1 (2): 369–376.
18.Slavevska-Stamenković, V., Paunović, M., Miljanović, B., Kostov, V., Ristovska, M. & Miteva, D. (2011): Water Quality Assessment Based on the Macroinvertebrate Fauna – the Pcinja River Case Study. Water Research and Management, 1 (2): 63-69.
19.V. Kostov, M. Ristovska, D. Prelić, V. Slavevska-Stamenković (2011). Assessement of the Ecological Status of the Crna River Based on the Fish Fauna-Contribution of the Establishment of the Monitoring System of Rivers in R. Macedonia. Macedonian Journal of Animal Science. Vol. 1, No. 1, pp. 261–270.
20. Nastova,R., Nikolova,N., Kostov,V. (2012): Fish as a health food- ecotoxicological viewpoint, Agroznanje, vol. 13, No.1 ,p. 87-94
21.Nastova,R., Kostov,V., Nikolova,N. (2012) Influence of a different water exchange rate on the growth of Rainbow Trout (Salmo trutta), Macedonian Jurnal of Animal Science, Vol.2, No.4, pp. 409-412
22. Nastova, R., Kostov,V., Nikolova, N. (2012) Are Macedonian Freshwater Ambient Criteria for Trace Metals Protective for Human Health? BALWOIS 2012, 28 May – 2 Juni, Ohrid, R.Macedonia. Published in:Proceeding no. 881
23. Nastova, R., Nikolova,N., Kostov,V. (2013): Daphnia test-a shortcut for human health protection assessment. Scientific Papers, Series D. Animal science. Vol.LVI, p. 349-353
24. Nastova, R., Kostov, V., Gjorgovska, N. (2013): Examination of content of heavy metals and pesticides in fish in the accumulation Strezevo in the Republic of Macedonia, Scientific Papers, Series D Animal Science Vol.LVI, p.354-357
25. Simonovic, P., Tosic, A., Vassilev, M., Apostolou A., Mrdak, D., Ristovska, M., Kostov, V., Nikolic, V., Shkraba, D., Vizzi, L., Coop, G.H., (2013): Risk assessment of non-native fishes in the Balkans Region using FISK, the invasiveness screening tool for non-native freshwater fishes, Mediteranean Marine Science (imp.f. 1,38), published on line June 2013, www.medit-mar-sc.net, DOI: http//dx.doi.org/10.12681/mms/337

  • Учество на научен собир со реферат (орална презентација)

1. Kostov, V., Ristovska, M., Rebok, K. & Slavevska-Stamenković, V. (2010): Fish fauna of River Bregalnica (R. Macedonia).Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
2. Ristovska, M., Kostov, V., Prelic, D., Slavevska-Stamenković, V. & Arsovska, J. (2011): Fish Community Structure and Water Quality Assessment of Babuna River. International Conference on Carstic Water Bodies Alblakes, Elbasan, Albania 9-11 June 2011.
3. Kostov, V., (2009): Ecological status of Crna River (R. Macedonia) estimated according the fish fauna, IV International Symposium of livestock production, 9-12.09.2009 Struga, pp. 200
4. Kostov. V., Nastova-Gjogjievska R., (2009): Changes of ivhthiophauna of Vardar River due to the changed environmental conditions, IV International Symposium of livestock production, 9-12.09.2009 Struga.
5. Kostov, V., Nutrition and growth of Alburnus alburnus (Linnaeus, 1758) from reservoir Strezevo, IV International Symposium of livestock production, 9-12.09.2009 Struga. pp. 213

  • Учество на научен собир со реферат (постер)

1. Kitanova, D., Slavevska Stamenković, V., Kostov, V.& Marinov, M. (2008): Contribution to the knowledge of Odonata (Insecta: Odonata) larvae of the River Bregalnica. III symposium of ecologists of the Republic of Montenegro with international participation. Herceg Novi. 8-12 October, 2008.
2. Slavevska-Stamenković, V., Paunović, M., Atanacković, A., Smiljkov, S., Kostov, V.& Mitić, D. (2010): Oligochaeta of River Bregalnica from the source region to the dam Kalimanci.Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
3. Kostov, V., Ristovska, M., Slavevska-Stamenković, V., Miljanović, B. & Paunović, M. (2010): Water quality assessment based on fish fauna and macroinvertebrates. Case study on Pcinja River.Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
4. Kostov, V., Ristovska, M., Slavevska-Stamenković,V., Hristovska, D.,Petrova, D. &Mirkovska, M. (2010): Biocenological investigation of fish fauna from Pcinja River and Kriva reka (R. Macedonia).Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
5. Kostov,V., Petrova, D., Hristovska, D., Mirkovska, M., Ristovska, M. & Slavevska-Stamenkovic, V. (2010): Nutrition status of Chub (Squalius vardarensis Karaman, 1928) from Pcinja River during summers season. Preliminary resuts. Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
6. Ristovska M., Kostov V., Prelic D., Slavevska-Stamenkovic V., Simonovic P., and Adriaens D. (2012): Cranial ontogeny of hatchery reared Salmo farioides and Salmo macedonicus. 4th Congress of Ecologists of the Republic of Macedonia with International Participation. 12-15 October 2012, Ohrid.

  • Абстракти објавени во зборник на меѓународен научен собир

1. Kitanova, D., Slavevska Stamenković, V., Kostov, V. & Marinov, M. (2008): Contribution to the knowledge of Odonata (Insecta: Odonata) larvae of the River Bregalnica. III symposium of ecologists of the Republic of Montenegro with international participation. Herceg Novi. 8-12 October, 2008.
2. Kostov, V., (2009): Ecological status of Crna River (R. Macedonia) estimated according the fish fauna, Book of abstracts, IV International Symposium of livestock production, 9-12.09.2009 Struga, pp. 200
3. Kostov. V., Nastova-Gjogjievska R., (2009): Changes of ivhthiophauna of Vardar River due to the changed environmental conditions, Book of abstracts, IV International Symposium of livestock production, 9-12.09.2009 Struga. pp. 212
4. Kostov, V., Nutrition and growth of Alburnus alburnus (Linnaeus, 1758) from reservoir Strezevo, Book of abstracts, IV International Symposium of livestock production, 9-12.09.2009 Struga. pp. 213
5. Slavevska-Stamenković, V., Paunović, M., Atanacković, A., Smiljkov, S., Kostov, V.& Mitić, D. (2010): Oligochaeta of River Bregalnica from the source region to the dam Kalimanci.Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
6. Kostov, V., Ristovska, M., Slavevska-Stamenković, V., Miljanović, B. & Paunović, M. (2010): Water quality assessment based on fish fauna and macroinvertebrates. Case study on Pcinja River.Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
7. Kostov, V., Ristovska, M., Slavevska-Stamenković,V., Hristovska, D.,Petrova, D. &Mirkovska, M. (2010): Biocenological investigation of fish fauna from Pcinja River and Kriva reka (R. Macedonia).Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
8. Kostov, V., Ristovska, M., Rebok, K. & Slavevska-Stamenković, V. (2010): Fish fauna of River Bregalnica (R. Macedonia).Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
9. Kostov,V., Petrova, D., Hristovska, D., Mirkovska, M., Ristovska, M. & Slavevska-Stamenkovic, V. (2010): Nutrition status of Chub (Squalius vardarensis Karaman, 1928) from Pcinja River during summers season. Preliminary resuts. Conference of Water Observation and Information System for Decision Support (BALWOIS). Abstracts. Ohrid. 2010.
10. Velkova-Jordanoska L., Kostov V., Stojanovski S., Kostoski G. (2010): RAPD analysis of genetic variations in Barbus peloponnesius (Pisces, Cyprinidae) from River Vardar. Conference on water observation and information system for decision support BALWOIS 25-28 May, 2010, Ohrid, R. Macedonia,
11. Ristovska, M., Kostov, V., Prelic, D., Slavevska-Stamenković, V. & Arsovska, J. (2011): Fish Community Structure and Water Quality Assessment of Babuna River. International Conference on Carstic Water Bodies Alblakes, Elbasan, Albania 9-11 June 2011.
12. Ristovska M., Kostov V., Prelic D., Slavevska-Stamenkovic V., Simonovic P., and Adriaens D. (2012): Cranial ontogeny of hatchery reared Salmo farioides and Salmo macedonicus. 4th Congress of Ecologists of the Republic of Macedonia with International Participation. 12-15 October 2012, Ohrid.
13. Ristovska M., Kostov V., Prelic D., Arsova J., Simonovic P., and Adriaens D. (2012): Developmental timing of cranial ossifications in hatchery reared Salmo farioides and Salmo macedonicus. 12th International Congress of the Zoogeography and Ecology of Greece and Adjacent regions, June 18 to 22, 2012.Athens.

СТРУЧНО-АПЛИКАТИВНА ДЕЈНОСТ И ДЕЈНОСТ ОД ПОШИРОК ИНТЕРЕС

Стручно апликативната активност на кандидатот во изминатите пет години е импозантна. Во периодот по изборот во звањето виш научен соработник, кандидатот изработил триесет и седум (37) стручни ревизии и проценки, изработил три (3) идејни проекти за изградба на нови произвидни рибнички капацитети, учествувал во изработка на три (3) физибилити студии,бил координатор на дванаесет (12) апликативни проекти, бил координатор на работната група за изработка на “Национална Програма за унапредување на рибарството и аквакултурата во Р.Македонија за период од 12 години”, билраководител при изготвувањето на дваесет и три(23)Риболовни основи за риболовните води во Р.Македонија. Бил раководител на Програмите за изведување на вештачки мрест на Охридска пастрмка и порибување риболовното подрачје Охридско Езеро во 2009,2010, 2011,2012 и 2013 година. Раководител и изготвувач на Програмите за порибување на риболовното подрачје Дојранско Езеро во 2010. 2011, 2012 и 2013 година. Раководител и изготвувач е на Програмата за порибување на риболовното подрачје Преспанско езеро во 2013 година.
Проф. Д-р Васил Костов покрај горенаведеното бил член на комисијата за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за придонес и развој на науката, во два мандата. Бил член на работната група која го изготвувала Законот за рибарство и аквакултура и десет (10) подзаконски акти во облик на правилници. Претседател е на Издавачкиот совет на списанието Macedoniaj Journal of Animal Science, бил член на Организациониот одбор на Четвртиот меѓународен симпозиум по Сточарство, во 2009 година и претседател на организациониот одбор на Петтиот меѓународен симпозиум по сточарство, во 2012 година. Изготвил и пријавил пет (5) национални научни проекти и два (2) меѓународни научни проекти.
Д-р Васил Костов е член на Советот за сточарство и Советот за рибарство на министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, член е на комисијата за усогласување на легислативата со ЕУ во делот Рибарство. Исто така член е и на работната група за воспоставување на систем за истражување во областа на земјоделството и шумарството, при МЗШВ.
Исто така проф. д-р Васил Костов е претседател на Македонската Риболовна Федерација, во втор мандат. Ја водел државната репрезентација на Македонија во спортски риболов на три светски првенства и бил претседател на организациониот одбор за организација на две меѓународни натпреварувања од висок рејтинг.