Професионална биографија доцент Д-р Тошо Костадинов | Институт за Сточарство

Професионална биографија доцент Д-р Тошо Костадинов

 

http://istoc.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2014/03/toso.png

Доц. д-р Костадинов Тошо
доцент, научен соработник

Доц. д-р Костадинов Тошо , е роден 7.10.1964 година во Скопје, Република Македонија. Средно образование завршил во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Дипломирал на Земјоделскиот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје во 1991 година. Веднаш по дипломирањето работел во сопствена фирма со дејност трговија на големо. Од 1995 година работи во Институтот за сточарство – Скопје, најнапред како стручен соработник по фуражно производство, а потоа како стручен соработник за производство на добиточна храна. Во учебната 2004/05 година се запишал на постдипломски студии по Агробизнис во Ј.Н.У. Економскиот институт при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2007 го одбранил магистерскиот труд под наслов “Претприемништвото како фактор на интернционализацијата на МСП од агрокомплексот” и со тоа се стекнал со научен степен магистер на науки. Истата година е избран во соработничко звање асистент – истражувач, во научната област Агроменаџмент во производството на сточна храна во ЈНУ Институт за сточарство – Скопје. Во октомври 2011 години во УКИМ Економски институт – Скопје ја одбрани докторската дисертација “Влијанието на претприемништвото врз руралниот развој на Република Македонија” и со тоа се стекна со научен степен доктор на економски науки. Во август 2012 година во Инзтитутот за сточарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопоје е избран во научното звање научен советник.
Учествувал на повеќе научни конференции во земјава и странство.

Објавени трудови и публикации:

1. Костадинов, Т., Пендев, Д. (2007), “Аспекти на претприемничкото поврзување на МСП од агрокомплексот”, Зборник на трудови, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, Охрид.
2. Костадинов, Т., Пендев, Д. (2007), “Малите и средни претпријатија од агрокомплексот низ призмата на интернационализацијата”, Зборник на трудови, III Симпозиум за сточарство со меќународно учество, Охрид.
3. Костадинов Т., Ковачев, Ѓ. (2007), “Некои согледувања на состојбата со извозната способност на МСП од агрокомплексот”, Зборник на трудови, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, Охрид.
4. Kostadinov, T., Cilev G., Nikolova N. (2008), Small And Medium–Sized Enterprises In The Field Of Agiculture In The Republic of Macedonia Between Competitivenes – Based Strategies And The Blue Ocean Strategy”, Proceedings International Conference for Entrepreneurship Innovation аnd Regional Development, Skopje–Ohrid.
5. Kostadinov, T., Nikolova, N., Cilev, G. (2008), The Impact Of The Entrepreneurial Profile Upn The Export of Agricultural SMEs In The Republic Of Macedonia, Proceedings, International Conference For Entrepreneurship Innovation аnd Regional Development, Skopje–Ohrid.
6. Костадинов, Т (2008), “Иновации и општествено одговорно претприемништво”, Зборник на трудови, Научен собир Претприем­ништво – иновации и конкурентност, Економски институт, Скопје, Скопје.
7. Tosho Kostadinov, Nedeljka Nikolova (2010) “The Common Agricultural Policy of the European Union and its implication upon the Republic of Macedonia”, Zbornik radova, XV Savetovanje o biotehnologiji sa medjunarodnim učesćem, Agronomski fakultet u Cačku, Cačak.
8. Tosho Kostadinov, Nedeljka Nikolova (2010) “The impact of production factors upon the growth of SMEs from the agricomplex in the Republic of Macedonia”, Zbornik radova, XV Savetovanje o biotehnologiji sa medjunarodnim učesćem, Agronomski fakultet u Cačku, Cačak.