Д-р Недељка Николова
Вонреден професор, виш научен соработник
Д-р Недељка Николова , е родена на 13.06.1959 година во Штип, каде завршува основно и средно образование. На Земјоделскиот факултет во Скопје (сточарска насока) се запишува во учебната 1977/78 година, каде дипломирала на 27.05.1982 година. Дипломската работа под наслов „Наследување на мамилите кај свињите – маторици” ја изработува под менторство на проф. д-р Ташко Токовски при Катедрата за сточарство.
Веднаш по дипломирањето се вработува во Живинарската фарма при ЗИК “Црвена Ѕвезда” во Штип, каде работи како раководител во производните единици за матично јато, несилки и подмладок и се вклучува во реализација на повеќе опити и истражувања во соработка со Институтот за сточарство во Скопје. Во фармата останува до 1997 година, кога и се запишува на постдипломски студии на Земјоделскиот факултет во Скопје на Катедрата за сточарство, група живинарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Под менторство на проф. д-р. Кирил Филев ја изработува својата магистерска работа под наслов „Влијание на сезоната и возраста на живината врз квалитетот на јајцевата лушпа”, која успешно ја брани на 10.07.2001 година со што се стекна со академски назив – магистер по земјоделски науки.
По магистрирањето, на 01.11.2002 година се вработува во ЈНУ Институт за сточарство – Скопје како асистент–истражувач во Одделението по живинарство, каде работи на научни истражувања и апликации, а се вклучува и во пријавување и изработка на проекти. Истовремено е ангажирана и во подготовка на Првиот меѓународен симпозиум за сточарство во Македонија.
Во 2005 година пријавува тема за докторска дисертација на Земјоделскиот факулктет при Универзитетот во Нови Сад, Р.Србија, под менторство на проф. д-р Нико Милошевиќ од Катедрата за сточарство. На 23. 11. 2007 година успешно ја брани докторската дисертација под наслов „Влијание на генотипот, возраста и составот на храната врз производните параметри и квалитетот на трупот кај бројлерските пилиња”, со што се стекна со академски степен доктор по земјоделски науки. На 21. 4. 2008 година е избрана во научно звање научен соработник во НУ Институт за сточарство, Скопје, во научната област живинарство во Одделението за живинарство, каде како раководител на одделението работи до денес.
Интерес на нејзини истражувања се јајценосното и бројлерското производство, развојот на нови технологии во живинарството, подобрување на квалитетот на основните живинарски производи (јајца и месо), подобрување на производните услови во живинарските фарми, преземање активности за усогласување на живинарското производство со новите прописи на ЕУ и др.
Д-р Недељка Николова членува во повеќе професионални асоцијации Светско здружение на истражувачи во живинарството (WPSA), Македонско здружение на земјоделските инженери и Групација на живинари при Стопанската комора на РМ.
Во текот на изминатиот период активно учествува во научноистражувачката и апликативна дејност на Институтот. Истовремено е вклучена и во други активности како член на Научниот совет и на други тела и комисии во Институтот, а од 2011 година е член на Советот за сточарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со мандат од четири години.
Во 2001 година се вклучува како соработник во проектот „Формирање на нуклеуси на тешки и лесни раси кокошки”, кој беше дел од Националната одгледувачка програма во сточарството на Р. Македонија за периодот 2001–2009 год., финансиран од МЗШВ.
Во 2005 година учествува во работилницата „Денови на живинарството” организирана во Скопје од страна на Американската амбасада во Р. Македонија.
Преку германската фондација DAAD во соработка со Универзитетот Анхалт во Бернбург, Германија, во 2007 година аплицира со проект под наслов „Qualification and quantification of exogenous influences on frequency of haematomas in broilers and their relation to meat quality”, кој e прифатен и доделена и е тримесечна стипендија за изработка на проектот во Р.Германија.
Во 2008 година раководи со проект под наслов „Користа од додатокот Биоактив во исхраната на живината заради подобрување на производните особини и животната средина”, финансиран од германска фирма, кој веќе успешно се аплицира во живинарски фарми.
Истата година учествува во Работилницата за рурален развој на Р. Македонија во организација на MAASP (Програма за поддршка на советодавни услуги во РМ во соработка со Шведската агенција за меѓународен развој и соработка во Скопје), од која произлезе издавањето на брошура под наслов „Производство на мисиркино месо – идеа за нов семеен бизнис”, чиј автор е д-р Николова.
Во 2010 год. е избрана во академското звање доцент и се вклучува во наставата по предметот живинарство во програмата за втор циклус на студиската група сточарство во Институтот за сточарство, Скопје.
Во меѓувреме зема учество во подготовка на неколкуте симпозиуми во организација на Институтот како: член на Генералниот секретаријат на Вториот меѓународен симпозиум за сточарство во 2003 година, член на Организациониот одбор на Третиот меѓународен симпозиум за сточарство во 2007 година, член на Организациониот одбор и член на претседателство на Живинарската секција на Четвртиот меѓународен симпозиум за сточарство во Македонија во 2009 година и како член на претседателството на Секцијатата за сточарство на XV Советување за биотехнологија што се одржа во 2010 год. во Чачак, Р. Србија.
Со свои реферати учествува на повеќе домашни и меѓународни собири: конгреси, симпозиуми и конференции, а реализирала и неколку студиски престои во странство.
Од 18. 2–10. 3. 2001 зема учество на Меѓународниот курс за интензивно живинарско производство во Тел Авив, Израел, организиран преку Министерството за образование и наука, а финансиран од Владата и Министерството за надворешни работи на Израел.
Во 2007 год. остварила студијски престој од една недела во Институтот за сточарство Земун–Белград, Р. Србија.
Рецензент е на повеќе научни трудови за меѓународните списанија African Journal of Agricultural Research и WPSJ (World Poultry Science Journal).
Од 2010 год. врши превод и стручна редакција на книги од областа на сточарството кои се дел од проект на Владата на Р. Македонија.
Досега работеше на:
– Poultry Health and Management: Chickens, Turkeys, Ducks, Geese, and Quail, by David Sainsbury, ISBN 978–608–4535–82–9, Преведено: Здравје на живината и менаџмент: кокошки, мисирки, патки, гуски и препелици од Дејвид Сеинсбери, COBISS.MK–ID 85291786 – превод и стручна редакција на доцент д-р Недељка Николова,
– Disease in Wild Animals: Investigation and Management, by Gary A. Wobeser, ISBN 978–608–229–102–4, Преведено: Болести кај дивите животни: Истражување и справување, од Гери А. Вобсер COBISS.MK–ID 85801226 – стручна редакција на доцент д-р Недељка Николова,
– Improving Animal Welfare: A Practical Approach, by Temple Grandin ISBN 978–608–229–142–0, Преведено: Подобрување на благосостојбата на животните: Практичен пристап, од Темпл Грандин COBISS.MK–ID 86211338 – стручна редакција на доцент д-р Недељка Николова,
Livestock Housing, by C. M. Wathes and D.R. Charles, ISBN 0–85198–774–5, Преведено: Сместување на добиток, од Ц. М. Ватхес и Д. Р. Чарлс – превод и стручна редакција на доцент д-р Недељка Николова,
Мeat processing: Improving quality, by Joseph Kerry, John Kerry and David Ledward, ISBN 978–1–85573–583–5. Преведено: Преработка на месо: Подобрување на квалитетот, oд Џозеф Кери, Џон Кери и Дејвид Ледвард – превод и стручна редакција на доцент д-р Недељка Николова.
Во 2011 година е избрана за наставник во звање доцент за наставно-научната област сточарство на Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип.
Како автор и коавтор се јавува во повеќе оригинални научни и стручни трудови кои се презентирани на научни собири кај нас и во странство и публикувани во водечки национални и меѓународни списанија, а некои се со импакт фактор.
Објавени трудови и публикации:
1. Недељка Николова, 2001: Влијание на сезоната и возраста на живината врз квалитетот на јајцевата лушпа, Магистерски труд, Универзитет „Св. Кирил и Mетодиј”, Земјоделски факултет, Скопје, Р. Македонија. http://www.fznh.ukim.edu.mk
2. Nedeljka Nikolova, Kocevski D., 2003: High temperatures as a factor that influence the percentage of the CaCO3 in the eggshell. II Symposium for Livestock Production, 18–21 June, Ohrid, R. Macedonia (oral presentation).
3. Nedeljka Nikolova, Kocevski D., 2003. Influence of the season and layer age on the egg shape index. II Symposium for Livestock Production, 18–21 June, Ohrid, R. Macedonia (oral presentation).
4. Nedeljka Nikolova, Kocevski D., 2004: Uticaj sezone na fizičke i hemijske osobine ljuske kokošjih jaja, Biotehnologija u stočarstvu, Beograd–Zemun, R. Srbija, Vol. 20 (5–6), str.165–174. www.istocar.bg.ac.yu
5. Недељка Николова, Коцевски Д., D., 2004: Калциумот во исхраната на кокошките, Сточарство, год. 2, број 2, стр. 29, Скопје, Р. Македонија.
6. Nedeljka Nikolova, Kocevski, D., 2005: Effect of season and hen’s age on eggshape index, Međunarodni naučni skup “Održiva poljoprivreda i proces еvropske integracije”, 19–24 septembsr, Novi Sad, Srbija (oral presentation). Savremena Poljoprivreda, Novi Sad, R. Srbija, Vol. 54, str. 145–149. http://polj.ns.ac.yu
7. Nedeljka Nikolova, 2006: Effect of egg weight classes, hen age and season on some physical characteristic of egg. XI Savetovanje za biotehnologiju sa međunarodnim učešćem, 3–4, mart, Čačak, R. Srbija (oral presentation). Published in: Zbornik radova, Vol. 11 (11 –12), str. 397–403. http://www.afc.kg.ac.rs
8. Nedeljka Nikolova, 2006: Influence of heat stress and layer age on the percentage of calcium carbonate in egg shell and the percentage of broken and cracked eggs. XII European Poultry Conference, 10–14 September, Verona, Italy (poster presentation), Published in: Proceedings CD and Book of Abstracts, vol.62, p. 169. http://www.wpsa.com
9. Nedeljka Nikolova, Kocevski D., 2006: Forming egg shape index as influenced by ambient temperatures and age of hens. Biotechnology in Animal Husbandry, Belgrade–Zemun, R. Serbia, Vol. 22 (1–2), pp. 119–125. www.istocar.bg.ac.yu
10. Недељка Николова, 2007: Влијание на генотипот, возраста и составот на храната врз производните параметри и квалитетот на трупот кај бројлерските пилиња, Докторска дисертација, Универзитет во Нови Сад, Земјоделски факултет, Нови Сад, Р. Србија. http://polj.ns.ac.yu
11. Недељка Николова, Павловски Златица, Милошевиќ Н., Периќ Лидија, 2007: Влијанието на генотипот, возраста и полот врз конформацијата на трупот кај бројлерски пилиња, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 12–14 септември, Охрид, Р. Македонија (усна презентација). Зборник на трудови, стр. 201–205. www.ias.ukim.edu.mk
12. Недељка Николова, Павловски Златица, Милошевиќ Н., Периќ Лидија, 2007: Смртноста кај бројлерски пилиња од две хибридни линии на различна возраст, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 12–14 септември, Охрид, Р. Македонија (усна презентација). Зборник на трудови, стр. 207–211. www.ias.ukim.edu.mk
13. Недељка Николова, 2007: Застапеноста на калциум карбонатот во јајцевата лушпа под влијание на високите температури, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, 12–14 септември, Охрид, Р. Македонија (постер презентација). Зборник на трудови, стр. 681–686. www.ias.ukim.edu.mk
14. Nedeljka Nikolova, Pavlovski Zlatica, Milošević N., Perić Lidija, 2007: The quantity of abdominal fat in broiler chicken of different genotypes from fifth to seventh week of age, 2nd International Congress of Animal Husbandry, New Perspectives and Challenges of Sustainable Livestock Farming, 3–5, October, Belgrade–Zemun, Serbia (poster presentation). Biotechnology in Animal Husbandry, Vol. 23, 5–6, Book 2, pp. 331–338. www.istocar.bg.ac.yu
15. Pavlovski Zlatica, Nikolova Nedeljka, Vitorović D., Škrbić Zdenka, Lukić M., 2007: Effect of dietary protein levels, sex and age on tibiae characteristics in two strains of broiler chickens, 2nd International Congress of Animal Husbandry, New Perspectives and Challenges of Sustainable Livestock Farming, 3–5, October, Belgrade–Zemun, Serbia (poster presentation). Biotechnology in Animal Husbandry, Vol. 23, 5–6, Book 2, pp. 339–346. www.istocar.bg.ac.yu
16. Nedeljka Nikolova, Pavlovski Zlatica, Milošević N., Perić Lidija, 2007: The effect of different energy and proteins levels in diet on production parameters of broiler chickens from two genotype, 2nd International Congress of Animal Husbandry, New Perspectives and Challenges of Sustainable Livestock Farming, 3–5, October, Belgrade–Zemun, Serbia (oral presentation). Biotechnology in Animal Husbandry, Vol. 23, 5–6, Book 2, pp. 551–557. www.istocar.bg.ac.yu
17. Nedeljka Nikolova, Pavlovski Zlatica, Waehner M., 2008: Hitze beeninflusst Eischalenqualitat, submitted: 1.2008 in: DGS (Deutsche Geflugel–und Schweinproduktion) 18/08, p. 28–35. www.dgs-magazine.de
18. Nedeljka Nikolova, Pavlovski Zlatica, Milošević N., Waehner M., 2008: Influence of heat stress and age on the percentage of calcium carbonate in eggshell and the percentage of broken and cracked eggs, submitted: 12.2007 in: Archives of Animal Breeding, Germany, Dummerstorf, 51 (2008) 4, pp. 389–396. www.arch-anim-breed.fbn-dummerstorf.de impact factor of 2008 year 0, 812.
19. Nedeljka Nikolova, Pavlovski Zlatica, Milošević N., Perić Lidija, 2008: The seasons and layers age influence on some chemical traits in egg and eggshell, 1st Mediterranean Summit of WPSA. 2008, 7–10 May, Porto Carras, Chalkidiki, Greece (poster presentation), submitted: 1. 2008 in: Book of Proceedings, pp. 680–689. http://www.wpsa.com
20. Nedeljka Nikolova, Pavlovski Zlatica, Waehner M., 2008: Einfluss von Hitzestress auf den Gehalt vom Kalziumkarbonat in der Eischale sowie auf den Anteil von Bruch- und Knickeiern von unterschiedlich alten Legehennen. REKASAN GmbH Kaulsdorf, submitted: 2.2008 in: REKASAN – Journal 2008, pp. 127–131. www.als–werbung.de
21. Костадинов Т., Николова Недељка, Цилев Г., 2008: The impact of the entrepreneurial profile upon the export of agricultural SMEs in the Republic of Macedonia, ICRD 2008, 8–11 May, Skopje–Ohrid, Р. Маcedonia (poster presentation), submitted: 01.2008. Зборник на трудови, стр. 335–342. www.iceird.org
22. Костадинов T., Цилев Г., Николова Недељка, 2008: Small and medium–sized enterprises in the field pf agriculture in the republic of Macedonia between competitiveness – based strategies and the Blue Ocean Strategy, ICRD 2008, 8–11 May, Skopje–Ohrid, Р. Маcedonia (poster presentation), submitted: 1.2008. Зборник на трудови, стр. 329–334. www.iceird.org
23. Nedeljka Nikolova, 2008: Der Einfluss unterschiedlicher Energie– und Proteingehalte im Futter auf die Mast- und shlachtleistungen von Broilern, submitted: 2. 2008 in: REKASAN – Journal 2008, pp. 90–92. www.als–werbung.de
24. Nedeljka Nikolova, Pavlovski Zlatica, Milošević N., Perić Lidija, 2008: Kvalitet trupova tovnih pilića Cobb 500 i Hubbard Classic kod hranidbe sa dvije rаzličite hranе, Simpozijum „Krmiva” 1–4 jun, Opatija, R. Hrvatska (oral presentation), submitted: 2. 2008. Krmiva, 50 (2008), Zagreb, 2, str. 79–88. http://hrcak.srce.hr
25. Waehner M., Kauffold, J., Nikolova Nedeljka, 2008: Influence of feeding level on FSH and LH secretion patterns during lactation, on uterus and follicle development after weaning and sows, Simpozijum „Krmiva” 1–4 Juna, Opatija, R. Hrvatska (oral presentation), submitted: 2. 2008. Krmiva, 50 (2008), Zagreb, 1, str. 3–10. http://hrcak.srce.hr
26. Недељка Николова, 2008: Со „Биоактив” до здрава живина и чиста животна средина – додатоци во исхраната, Федерација на фармери во РМ, Скопје. Моја земја, ноември, 8, број 38, стр. 32.
27. Недељка Николова, 2009: Ем фамилијарно ем исплатливо –производство на мисиркино месо, Федерација на фармери во РМ, Скопје, Моја земја, март 9, број 41, стр. 46–47.
28. Nedeljka Nikolova, Eftimova Elena, Pacinovski N., Pavlovski Zlatica, Milošević N., Perić Lidija, 2009: The effect of genotype, age, sex and composition of feed on content of abdominal fat in carcass of broiler chickens, oral presentation submitted 5. 2009. Savremena poljoprivreda, 58 (1–2), Novi Sad, R. Srbija, str. 92–100. http://polj.ns.ac.yu
29. Nedeljka Nikolova, 2009: Bericht Experiment mit Bioaktiv in der Republik Mazedonien, Спонзорирано од германската фирма Bioaktiv GMBH, објавено на нивната интернет страница, www.bioaktivgmbh.de
30. Nedeljka Nikolova, Snežana Bogosavljević-Bošković, 2009: Carcass quality of broiler chicken of two hybrid lines slaughtered in different ages, IV International Symposium of Livestock Production, 9–12. September, Struga, R. Macedonia (oral presentation), Published in: Book of abstracts, p. 91. www.ias.ukim.edu.mk
31. Snežana Bogosavljević–Bošković, Nedeljka Nikolova, 2009: Slaug¬hter characteristics of chickens from nonindustrial reared systems, IV In¬ter¬na¬tional Symposium of Livestock Production, 9–12 September, Struga, R. Mace¬donia, poster presentation. Book of abstracts, p. 92. www.ias.ukim.edu.mk
32. Mitrović S., Djermanović V., Nikolova Nedeljka, 2009: Phenotype correlations between age and importantly productions and reproductive capabilities of heavy parental flock Ross 308 hybrid, IV International Symposium of Livestock Production, 9–12 September, Struga, R. Macedonia, poster presentation. Book of abstracts, p. 93. www.ias.ukim.edu.mk
33. Milošević N., Stanaćev V., Nikolova Nedeljka, Pavlovski Zlatica, 2009: Corn meal in broiler chicken nutrition, IV International Symposium of Livestock Production, 9–12, September, Struga, R. Macedonia, oral presentation. Book of abstracts, p. 94. www.ias.ukim.edu.mk
34. Pavlovski Zlatica, Škrbić Zdenka, Lukić M., Nikolova Nedeljka, Petričević V., 2009: Naked neck autochthonous breed of chicken in Serbia, IV International Symposium of Livestock Production, 9–12 September, Struga, R. Macedonia, oral presentation. Book of abstracts, p. 95. www.ias.ukim.edu.mk
35. Perić Lidija, Sartowska Kasia, Milošević N., Đukić–Stojćić Mirjana, Bjedov S., Nikolova Nedeljka, 2009: The effect of enzymes on the economics of poultry meat and egg production, IV International Symposium of Livestock Production, 9–12 September, Struga, R. Macedonia, Book of abstracts, p. 96. www.ias.ukim.edu.mk
36. Nedeljka Nikolova, Pavlovski Zlatica, 2009: Major carcass parts of broiler chicken from different genotype, sex, age and nutrition system, 9th International Symposium „Modern trends in livestock production”, 7–9 October, Zemun–Belgrade, Serbia, oral presentation. Animal Husbandry, Book 2, Vol. 25, 5–6, pp. 1045–1054. www.istocar.bg.ac.yu
37. Nedeljka Nikolova, Wahner M., 2010: Untersuchungen zum Einfluss von “BioAktiv” auf die Gesundheit und Legeleistung von Hennen, REKASAN GmbH Kaulsdorf, REKASAN – Journal 17. Jahrgang. Heft 33/34, 2010, pp. 49–55. www.als–werbung.de
38. Nedeljka Nikolova, Milošević N., Pavlovski Zlatica, Perić Lidija, Wahner M. 2010: Einfluss von Herkunft, Alter und Futterung auf die Mortalitat bei Broiler–Kuken, REKASAN GmbH Kaulsdorf, REKASAN – Journal 17. Jahrgang. Heft 33/34, 2010, pp. 139–141. www.als-werbung.de
39. Nedeljka Nikolova, Tosho Kostadinov, 2010: The impact of family businesses upon the development of rural areas in the Republic of Macedonia, XV Savetovanje o biotehnologiji, 26–27 mart, Čačak, Srbija, poster presentation. Zbornik radova, Vol. 15. 17, pp. 721–725. http://www.afc.kg.ac.rs
40. Tosho Kostadinov, Nedeljka Nikolova, 2010: The common agricultural policy of the European Union and its implication upon the Republic of Macedonia, XV Savetovanje o biotehnologiji, 26–27 mart, Čačak, Srbija, poster presentation. Zbornik radova, Vol. 15. 17, pp. 715–720. http://www.afc.kg.ac.rs
41. Tosho Kostadinov, Nedeljka Nikolova, 2010: The impact of production factors upon the growth of SMEs from the agricomplex in the Republic of Macedonia, XV Savetovanje o biotehnologiji, 26–27 mart, Čačak, Srbija, poster presentation. Zbornik radova, Vol. 15. 17, pp. 727–730. http://www.afc.kg.ac.rs
42. Snežana Bogosavljević–Bošković, Tatjana Savković, V. Dosković, S. Rakonjac, Nedeljka Nikolova, 2010: Kategorije mesa u obrađenim trupovima tovnih pilića u zavisnosti od dužine tova i sistema gajenja„XV Savetovanje o biotehnologiji, 26–27 mart, Čačak, Srbija, poster presentation). Zbornik radova, Vol. 15. 17, pp. 597–602. http://www.afc.kg.ac.rs
43. Nedeljka Nikolova, Tosho Kostadinov, 2010: Yield of carcass parts, meat, skin and bone of two genotypes of broilers in different age, XV Savetovanje o biotehnologiji, 26–27 Mart, Čačak, Srbija, poster presentation. Zbornik radova, Vol. 15. 17, pp. 559–566. http://www.afc.kg.ac.rs
44. Nedeljka Nikolova, V. Kostov, T. Kostadinov, 2010: Genotype x diet interactions on meat mass of main carcass parts in broiler chickens, Krmiva 2010, 17th International conference, 7–9. Jun, Opatija, Crotia, poster presentation. Krmiva, 52 (2010), Zagreb, 3; 127–133 http://hrcak.srce.hr.
45. Nedeljka Nikolova, T. Kostadinov, V. Kostov, 2010: Entrepreneurial innovation as a factor for development of SMEs from the subsector of poultry raising in the Republic of Macedonia, 3rd International Conference for Entrepreneurship, Innovation and Regional Development, 27–29.05.2010, Novi Sad, Serbia (poster presentation.). Proceedings of ICEIRD 2010, pp. 564–569. www.iceird.org
46. Tosho Kostadinov, Natasha Gjorgovska, Nedeljka Nikolova, 2010: Particularities of the agricultural products market in the Republic of Macedonia, Anniversary scientific-practical conference with international participation, 7–8. October, Varna, Bulgaria, poster presentation Proceedings pp. 136–143, www.ue-varna.bg
47. Tosho Kostadinov, Nedeljka Nikolova, Natasha Gjorgovska, 2010: Possibilities for improvement of the foreign trade of the Republic of Macedonia with the group of products of animal origin, Anniversary scientific–practical conference with international participation, 7–8. October, Varna, Bulgaria, poster presentation: Proceedings, pp. 232–239, www.ue–varna.bg.
48. Nedeljka Nikolova, 2010: Effect of genotype, sex and diet on structure of breasts at broilers of different age, XIIIth European Poultry Conference, 23–27. August, Tours, France, poster presentation Abstract number 161, p. 749. www.epc.2010.org
49. A. Kuzelov, N. Nikolova, K. Vasilev, 2010: Exploring possibilities for quality improvement of meat raw materials from cattle ruminant animals by enzymatic treatment. Biotechnology in Animal Husbandry Belgrade–Zemun, Serbia Vol. 26 (5–6), pp. 319–327. www.istocar.bg.ac.yu
50. Vidica Stanačev, Stanimir Kovčin, Saša Dragin, Nikola Puvača, Vladislav Stanačev, Nedeljka Nikolova and Sava Zarić, 2011: Effect of the level of protein and energy on growth dynamics, feed conversion and quality of stern of growing breeding gilts. African Journal of Agricultural Research, Vol. 6 (8), pp. 1958–1961. www.academicjournals.org, impact factor of 2011 year 0,263.
51. R. Nastova, N. Nikolova, 2011: Pumpkinseed (lepomis gibbosus L. 1758) – unwelcome inhibitant of ichthyofauna in the reservoir Streževo in R. Macedonia. Biotechnology in Animal Husbandry, Belgrade–Zemun, Serbia.Vol. 27 (4), pp. 1531–1535. www.istocar.bg.ac.yu
52. N. Nikolova, D. Kocevski, A. Kuzelov, 2011: Influence of genotype on eggshell strength and the hatchability of laying parent stock flock. Biotechnology in Animal Husbandry, Belgrade–Zemun, Serbia. Vol. 27 (4), pp. 1659–1666. www.istocar.bg.ac.yu
53. D. Kocevski, N. Nikolova, A. Kuzelov, 2011: The influence of strain and age on some egg quality parameters og commercial laying hens. Biotechnology in Animal Husbandry, Belgrade–Zemun, Serbia.Vol. 27 (4), pp. 1649–1658. www.istocar.bg.ac.yu
54. Nedeljka Nikolova, Snežana Bogosavljević-Bošković, 2011: Carcass quality of broiler chicken of two hybrid lines slaughtered in different ages. Macedonian Journal of Animal science, Skopje, R. Macedonia, Vol. 1. No. 1, pp. 95–100.www.mjas.ukim.edu.mk
55. Pavlovski Zlatica, Škrbić Zdenka, Lukić M., Nikolova Nedeljka, Petričević V., 2011: Naked neck autochthonous breed of chicken in Serbia. Macedonian Journal of Animal science, Skopje, R. Macedonia, Vol. 1. No. 1, pp. 101–105.www.mjas.ukim.edu.mk
56. Milošević N., Stanaćev V., Nikolova Nedeljka, Pavlovski Zlatica, 2011. Corn meal in broiler chicken nutrition. Macedonian Journal of Animal science, Skopje, R. Macedonia, Vol. 1. No. 1, pp. 107–111. www.mjas.ukim.edu.mk
57. Perić Lidija, Sartowska Kasia, Milošević N., Đukić–Stojćić Mirjana, Bjedov S., Nikolova Nedeljka, 2011: The effect of enzymes on the economics of poultry meat and egg production. Macedonian Journal of Animal science, Skopje, R. Macedonia, Vol. 1. No. 1, pp. 113–117. www.mjas.ukim.edu.mk
58. Mitrović S., Djermanović V., Nikolova Nedeljka, 2011: Phenotype correlations between age and importantly productions and reproductive capabilities of heavy parental flock Ross 308 hybrid. Macedonian Journal of Animal science, Skopje, R. Macedonia, Vol. 1. No. 2, pp. 327–334. www.mjas.ukim.edu.mk
59. T. Kostadinov, Nedeljka Nikolova, Vesna Levkov, 2012: Education as a factor for development of the rural entrepreneurship in the Republic of Macedonia. XVII Savetovanje o biotehnologiji sa medzunarodnim ucescem, Cacak, 6–7 April, 2012, poster presentation. Zbornik Radova Vol. 17 (19), pp. 511–515. http://www.afc.kg.ac.rs
60. Natasha Gjorgovska, T. Kostadinov, Nedeljka Nikolova, 2012: Some aspects of the agribusiness in the Republic of Macedonia. XVII Savetovanje o biotehnologiji sa medzunarodnim ucescem, Cacak, 6–7 April, 2012 (poster presentation). Zbornik Radova Vol. 17 (19), pp. 526–530. http://www.afc.kg.ac.rs
61. Rodne Nastova, Nedeljka Nikolova, Vasil Kostov, 2012: Fish as a health food – ecotoxicological viewpoint. I Medzunarodni simpozijum I XVII Naucno savjetovanje agronoma republike Srpske, 19–22 mart 2012: Trebinje, Bosna i Hercegovina, oral presentation. Book of abstract, p. 69. www.agrofabl.org
62. Gjorgovska Natasha, Filev Kiril, Levkov Vesna, Jusufi Eljmi, Nikolova Nedeljka, Kostadinov Tosho, 2012: Eggshell quality of aged hens during the rejuvenation. International scientific conference “Modern zootechny – factor of sustainable development”, 26–27 April 2012, Jasi, Romania, poster presentation (in print). http://www.uaiasi.ro
63. Nikolova Nedeljka, Kostadinov Tosho, Rodne Nastova, 2012: The effect of hens age and weight classes on the internal composition of eggs. International scientific conference “Modern zootechny – factor of sustainable development”, 26–27 April 2012, Jasi, Romania, poster presentation (in print). http://www.uaiasi.ro
64. Nikolova Nedeljka, Kostadinov Tosho, Gjorgovska Natasha, 2012: Influence of season on chemical composition of albumen, yolk and eggshell from layer eggs. International scientific conference “Modern zootechny – factor of sustainable development”, 26–27 April 2012, Jasi, Romania, poster presentation (in print). http://www.uaiasi.ro
65. Rodne Nastova, Vasil Kostov, Nedeljka Nikolova, 2012: Are Macedonian Freshwater Ambient Criteria for Trace Metals Protective for Human Health? BALWOIS 2012, Ohrid, Republic of Macedonia, 28 May – 2 June, 2012, poster presentation (in print). http://balwois.com
66. Nastova, Rodne, Nedeljka Nikolova, 2012: Utjecaj protoka vode na rast kalifornijske pastrve. Krmiva 2012, 19th International Conference, 30 may – 1 jun, 2012, hotel Ambasador, Opatija, Croatia, poster presentation (in print). http://hrcak.srce.hr.
67. Rodne Nastova, Nedeljka Nikolova, 2012: Daphnia Test – a Shortcut for Human Health Protection Assessment. Bulgarian Journal of Agricultural Science, Sofia, Bulgaria. (in print) http://www.agrojournal.org/
|