Д-р Наташа Ѓорговска
доцент, научен соработник
Д-р Наташа Ѓорговска, е родена на 08.04.1967 година во Скопје, Р. Македонија. Основно и средно образование завршила во Скопје. Во 1985 г се запишала на Земјоделскиот факултет во Скопје, сточарска насока, каде што во 1990 година дипломирала.
По завршувањето на додипломските студии се вработила во Институтот за сточарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во хемиската лабораторија за анализа на добиточна храна во Заводот за исхрана на домашните животни.
На постдипломски студии на групата живинарство на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје се запишала во учебната 2000/2001 година.
Постдипломските студии ги завршила во 2005 година со успешна одбрана на магистерскиот труд „Влијание на артифициелното митарење на амортизираните несилки врз појавата на нов јајценосен циклус и промените на хормоналниот статус“.
На крајот на 2009 година го одбранила докторскиот труд со наслов „Ефекти на изофлавоните врз производствените перформанси кај кокошките (Gallus Gallus) низ животниот циклус“ и се здобила со звањето доктор на земјоделски науки.
Учествувала и во реализација на неколку научни и апликативни проекти реализирани во Институтот за сточарство.
Посетувала повеќе курсеви и семинари во земјата и во странство, и тоа:
– семинар „Развој на македонските свињи за квалитетно свинско месо”, Велес, 2002 г.;
– семинар „Витамини во исхраната на домашните животни“, Скопје, 2003 г.;
– курс “Agricultural development & farm management”, Египет, 2003 г;
– работилници за значењето на акредитацијата во процесот на приближување и имплементација на директивите на ЕУ. Скопје, 2004 г;
– “Training Course on Laboratory Accreditation According to ISO 17025″, Скопје, 2009 г;
– “Training Course in Measurement Uncertainty Estimation for Chemist and Microbiologist”, Скопје, 2009 г;
– курс “MTEC Food Safety”, Вахенинген, Холандија, 2010 г;
– учество на Форумот за иновации „Развивање на стратегија за иновации 2012–2020“, во Скопје, 2011 г;
Одлично се служи со англискиот јазик и користи странска стручна литература од англиското говорно подрачје.
- Научноистражувачка дејност
Научноистражувачкиот интерес на д-р Наташа Ѓорговска е фокусиран главно на исхраната на домашните животни и контролата на квалитетот на добиточната храна. Поголемиот број од публикуваните и презентираните трудови се однесуваат на актуелни теми од областа на исхраната на домашните животни, примена на крми во исхраната, технолошки решенија, добивање збогатени производи со примена на технолошки решенија преку додавање на специфични додатоци во крмните смески и сл.
- Стручно–апликативна дејност
Во изминатиов период д-р Наташа Ѓорговска учествувала во повеќе активности поврзани со организационата поставенот и усовршувањето во Инстититот за сточарство. Раководител е на Одделението за исхрана на домашни животни и на хемиската лабораторија за контрола на квалитетот на добиточната храна, член е на Научниот совет на Институтот за сточарство и др. Член е на Организациониот одбор, а подоцна и на Научниот одбор на меѓународниот симпозиум за сточарство организиран од Институтот. Исто така е учесник на експертски активности: стручна ревизија при контрола на квалитетот на добиточната храна според постојните прописи и закони, учесник во промотивни активности на Институтот, учесник во подготовка на национални документи (стратегии, закони и сл.), учесник во подготовка на научен меѓународен проект, учесник во подготовка на научен национален проект и др.
Објавени трудови и публикации:
1. Filev K., Dimitrievski D., Gjorgovska Natasha (2002): State and perspectives of poultry meat production and bying capability of consumers in R. Macedonia. Anniversary Yearbook of the Faculty of Agricultural Sciences and Food, Vol. 47, pp: 113–169.
2. Filev K., Gjorgovska Natasha, Dimitrievski D. (2002): Perspective of egg production in Republic of Macedonia. Anniversary Yearbook of the Faculty of Agricultural Sciences and Food, Vol. 47, pp: 149–158.
3. Jusufi E., Trpeski V., Gjorgovska Natasha (2002) The nitrogen content, proteins and crude cellulose at alfalfa (Banat ZMS II) cultivated in two regions in Republic of Macedonia. Proceedings of papers, XXVII Meeting Faculty with Farmers, Vol. 10, pp: 65–73.
4. Филев К., Ѓорговска Наташа (2002): Вештачко митарење на кокошки несилки. Сточарство, год. 1, бр. 1, стр: 21–24.
5. Filev K., Belichovski S., Gjorgovska Natasha (2003): Reforming of livestock production complex in Macedonia. Anniversary Yearbook of the Faculty of Agricultural Sciences and Food, Vol. 48, pp: 153–169.
6. G. Cilev, Z. Sinovec, J. Šokarovski, B. Palaševski, Natasha Gjorgovska (2003): Botanical and chemical composition of meadow hay from different grassland regions of Macedonia. Krmiva, 45, 5: 265–275.
7. Angelow L., Gjorgovska Natasa, Petrova I., Kafedjiev V. (2003): Influence of different zink-iodine-selenium offer to the diet of ewes during pregnancy and lactation on the milk performance and trace element contents. Book of apstracts, II Symposium of Livestock Production with International Participation, p. 32.
8. Kafedjiev V., Angelow Ljubomir, Gjorgovska Natasa, Odjakova Ts. (2003): Influence of selenium and iodine supplementation on the daily milk, fat and protein production during suckling and grazing period of sheep. Book of apstracts, II Symposium of Livestock Production with International Participation, p. 12.
9. Petrova I., Gjorgovska Natasa, Angelow L., Kafedjiev V. (2003): Effect of zink, selenium and iodine supplementation on growth, trace element and biochemical status of lambs. Book of apstracts, II Symposium of Livestock Production with International Participation, p. 53.
10. Filev K., Gjorgovska Natasha, Arsov S., Bogoevski S. (2004): Dolomit as a source of magnesium for pig nutrition. Krmiva, 46, 4: 211–216.
11. Filev K., Ziberovski J., Gjorgovska Natasha, Arsov S. (2004): Protection of feed from contamination by applications of grass preservative. Krmiva, 46, 4: 205–210.
12. Filev K., Natasha Gjorgovska, Bogoevski S., Arsov S., Pejkovski C. (2004): Доломитот како извор на магнезиум и неговата употреба во исхраната на животните. Зборник на трудови „Варовничка и доломитска суровина во Македонија”, pp. 59–67.
13. Filev K., Gjrgovska Natasha, Arsov S., Oblakova M., Lalev M. (2005): Buffer capacity and b-values of the raw material for animal nutrition. Национален центар за аграрни науки, Животоводни науки, XLII, 3, pp. 95–99.
14. G. Cilev, Z. Sinovec, B. Palaševski, S. Gjorgievski, Natasha Gjorgovska, Vesna Levkov (2005): Tables showing chemical somposition and nutritive value of feedstuffs for ruminants produced in conditions of R. Macedonia. Krmiva, 47, 5: 267–272.
15. Cilev G., Gjorgovska N., Levkov V. (2007): Basic requirements and laboratory accreditation criteria and procedure for the testing laboratory in feed quality control. Proceedings, III Symposium of Livestock Production with international Participation, pp. 531–540.
16. Gjorgovska N., Filev K. (2007): Some physical characteristics of table eggs produced in second egg laying cycle of artificial molting hens. Proceedings, III Symposium of Livestock Production with international Participation, pp. 675–680.
17. Kiril Filev, Natasha Gjorgovska (2007): Resting of laying hens aged more than 90 weeks for lengthening the exploitation. Anniversary yearbook of the Faculty of Agricultural Sciences and Food, Vol. 53, pp. 215–222.
18. Menkovska M., Saric M., Ivanoski M., Levkov V., Gjorgovska N. (2007): Quality and safety of wheat intended for animal and human nutrition. Proceedings, III Symposium of Livestock Production with International Participation, pp. 351–357.
19. Natasha Gjorgovska, Filev Kiril (2008): Influence of artificial molting on shell thickness of produced eggs aged hens. Book of Abstracts, XX International Poultry Symposium PB WPSA “Science for Poultry Practice – Poultry Practice for Science”, pp. 31.
20. Natasha Gjorgovska, Kiril Filev, Rossitca Konakchieva (2008): Influence of induced molting on hormonal status of aged laying hens. Krmiva, 50, 1: 19–25.
21. Natasha Gjorgovska, Filev Kiril (2009): Influence of artificial molting on shell thickness of produced eggs aged hens. PROCEEDINGS, IV Balkan Conference of Animal Science Balnimalkon 2009, pp. 444–446.
22. Natasha Gjorgovska, Filev Kiril (2010): Enriching the hen eggs with selenium (Se). Proceedings, Agrosym 2010, pp. 493–498.
23. Natasha Gjorgovska, Filev Kiril (2010): Thick albumen height of eggs from two hybrids molted hens. Proceedings, Agrosym 2010, pp. 499–503.
24. Menkovska M., Levkov V., Gjorgovska Natasha, Sharić M., Samardjioski V., Uslinovska I. (2010): Application of rapid technique for screening of mycotoxins in cereals. Proceedings, XIV International Feed Technology Symposium, 19–21 October 2010, Novi Sad, Serbia, pp. 144–149.
25. Filev Kiril, Natasha Gjorgovska, Biljana Chuleva (2010): Designing table eggs with omega 3 fatty acids, vitamin E and selenium. Book of abstracts, XXII International Poultry Symposium PB WPSA “Science for Poultry Practice – Poultry Practice for Science”, pp. 230.
26. Natasha Gjorgovska, Filev Kiril (2010): Enriching table eggs with Iodine (I). Lucrari Ştiinţifice, seria Zootehnie Cotatie CNCSIS B+, 53 (15), pp. 722–725.
27. Natasha Gjorgovska, Filev Kiril (2011): Multi–enriched eggs with omega 3 fatty acids, vitamin E and selenium. Archiva Zootechnica, Vol. 14 (2), pp. 28–35.
28. Natasha Gjorgovska, Filev Kiril (2011): Weight changes of some vital organs at the old laying hens during the rejuvination and the peak of the second laying cycle. Proceedings, “Agrosym Jahorina 2011″ pp. 262–268.
29. Natasha Gjorgovska, Filev Kiril, Vesna Levkov (2011): Еxternal and internal quality of eggs produced from aged hens. Lucrări Ştiinţifice, seria Zootehnie, Vol. 56, pp. 342–345.
30. Natasha Gjorgovska, Kiril Filev, Biljana Chuleva (2011): Enriched eggs with vitamin E and selenium. Lucrari Ştiinţifice, seria Zootehie, Vol. 55, pp. 319–323.
31. Natasha Gjorgovska, Kiril Filev, Vesna Levkov, Tosho Kostadinov, Eljmi Jusufi (2012): Egg production during the artificial molting and a new laying cycle of aged hens. Archiva Zootechnika, 15 (1): 53–60.
32. Gjorgovska Natasha, Filev Kiril, Levkov Vesna, Kostadinov Tosho (2012): The effect of different levels of selenium in feed on egg production, egg quality and selenium content in yolk. Lucrări Ştiinţifice, Seria Zootehnie, 57: 270–274. |