Професионална биографија доцент Д-р Тошо Костадинов
Доц. д-р Костадинов Тошо доцент, научен соработник Доц. д-р Костадинов Тошо , е роден 7.10.1964 година во Скопје, Република Македонија. Средно образование завршил во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Дипломирал на Земјоделскиот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје во 1991 година. Веднаш по дипломирањето работел во сопствена фирма со дејност трговија на големо. Од 1995 година работи во Институтот за сточарство – Скопје, најнапред како стручен соработник по фуражно производство, а потоа како стручен соработник за производство на добиточна храна. Во учебната 2004/05 година се запишал на постдипломски студии по Агробизнис во Ј.Н.У. Економскиот институт при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2007 го одбранил магистерскиот труд под наслов “Претприемништвото како фактор на интернционализацијата на МСП од агрокомплексот” и со тоа се стекнал со научен степен магистер на науки. Истата година е избран во соработничко звање асистент – истражувач, во научната област Агроменаџмент во производството на сточна храна во ЈНУ Институт за сточарство – Скопје. Во октомври 2011 години во УКИМ Економски институт – Скопје ја одбрани докторската дисертација “Влијанието на претприемништвото врз руралниот развој на Република Македонија” и со тоа се стекна со научен степен доктор на економски науки. Во август 2012 година во Инзтитутот за сточарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопоје е избран во научното звање научен советник. Објавени трудови и публикации: 1. Костадинов, Т., Пендев, Д. (2007), “Аспекти на претприемничкото поврзување на МСП од агрокомплексот”, Зборник на трудови, III Симпозиум за сточарство со меѓународно учество, Охрид. |