КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАЗВОЈОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА СТОЧАРСТВО | Институт за Сточарство
КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАЗВОЈОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА СТОЧАРСТВО
Институтот за сточарство е формиран на 11.04.1952 година со Уредба на Народното собрание на Народна Република Македонија и со указ на Лазар Колишевски, тогашниот Претседател на Владата на Република Македонија. Зависно од приоритетите и тенденциите во развојот на македонското општество, Институтот поминал низ повеќе етапи во својот развој.
За етапите на развојот на Институтот за сточарство, неговата организациска поставеност, кадарот и дејноста е напишано поподробно во Монографијата публикувана од страна на нститутот во 2002 година по повод 50-годишнината од неговото постоење.