60 – ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ИНСТИТУТ ЗА СТОЧАРСТВО
Институтот за сточарство годинава го прославува својот 60 годишен јубилеј од своето постоење. Денес тој делува во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како негова организациона единица. Институтот за сточарство остварува научноистражувачка, апликативна и образовна дејност, при што бележи повеќе реорганизации за време на своето постоење.
Научноистражувачката како и севкупната дејност која се остварува во Институтот има за цел унапредување на сточарското производство во Република Македонија. Таа ги вклучува следните активности: координација и реализација на идентификацијата, контрола на производните и репродуктивните својства, водење на матично книговодство и тестирање, рангирање и селекција на целокупниот расплоден материјал од сите видови домашни животни. На оваа активност се базираат другите зоотехнички зафати за унапредување на сточарското производство, континуираната активност поврзана со евалуација на крмите за сите видови и категории домашни животни, контрола на квалитетот на крмите и комплетните дажби, интродукција на нови и неконвенционални извори на хранливи материи и нивното тестирање во практичната исхрана, изработка на технолошки решенија за искористување на крмната база; воведување нови технологии на одгледување на животни со дефинирање на амбиеталните услови, исхраната и стопанисувањето со животните соодветно со напредокот на сточарството, реализиран преку селекциските и другите фактори; активности од областа на преработката и доработката на анимални производи проследени со изнаоѓање на оптимални решенија во наши услови; истражувања поврзани со квалитетотна водата како животна средина на рибите, продуктивноста на водата и живиот свет во неа.
Започнувајќи со скромен број на научноистражувачки кадри во далечната 1952 година, денес Институтот преставува високо развиена научно-образовна институција која бележи успех во научноистражувачката, апликативната, високообразовната и издавачката дејност. Денес во него творат десет доктори на наука, од кои седум се професори на последипломските студии во областа на сточарството и рибарството, три магистри-асистенти и десет стручни соработници-лаборатнти.
Институт за сточарство, Скопје
Проф. д-р Васил Костов, директор
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
« Jun | ||||||
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |